Атанасов: Победата над ТФТ ќе ја заборавиме, мислите се кон следните два меча

88

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. синоќа ја остварија првата победа на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Треерот на шампионот, Васко Атанасов, изрази задоволство од играта и триумфот над ТФТ, но потенцира дека тој треба веднаш да биде заборавен, а во мислите да бидат само следните два противника на турнирот во Широки Брег.

„За нас тоа беше одличен меч, кој го контролиравме од почетокот до крајот и во кој повеќе од 38 минути бевме во водство, што доволно говори за односот на силите на теренот. Добра претстава на моите кошаркари, но за нас работата со ова не е завршена. Нѐ очекуваат уште два натпревари, во кои мора да бараме победи, затоа треба да останеме приземни и фокусот веднаш да го насочиме кон овие дуели“, изјави Атанасов по средбата.

Следен противник на МЗТ Скопје А. е екипата на Златибор во петок од 15 часот.

ПретходноХалеп се врати на терените, но загуби на првиот меч во Мајами
СледноИзраел во Струмица ќе биде домаќин на еден од турнирите во Сребрената лига