Дефанзивецот на англискиот второлигаш Ковентри, Милан ван Евијк, вели дека се задоволни од тоа што го добија Манчестер Ј. За ривал во полуфиналето на ФА Купот. Холанѓанецот вели дека „црвените ѓаволи“ се тим против кој можат уште еднаш да изненадат.
„Ждрепката е добра. Веројатно да ни се паднеше Манчестер Сити немаше да имаме никакви шанси. Вака, со сета почит, Манчестер Јунајтед е врвен клуб, но имаат и лоши натпревари. Тука ја гледам нашата шанса“, изјавил Ван Евијк.
Ковентри против Манчестер Јунајтед ќе игра на Вембли на 20 април во првото полуфинале на ФА КУпот.