Како што објави Германската фудбалска лига (ДФЛ), клубовите од првата и втората Бундеслига, имале рекордни приходи и тоа во износ од неверојатни 5,2 милијарди евра за минатата сезона. Во извештајот стои дека тоа е раст од цели 9 насто во однос на претходниот период.
Како што се наведува уште 23 од 36 вкупно клубови во двете лиги оствариле чиста добивка која заедно изнесува 42 милиони евра.
Во исто време сите клубови потрошиле рекордна сума за плати на играчите и тренерите и тоа за 150 милиони евра повеќе од минатиот период.
Исто така се наведува дека околу 60.000 луѓе се поврзани со фудбалскиот бизнис во Германија и дека клубовите платите даноци во висина од 1,2 милијарди евра само за сезоната 2022/23.
Ете така се работи фудбалот во Германија.