ЕВРОЛИГА: Звезда со шести пораз по ред, Барселона падна во Истанбул

159

Кошаркарите на Панатинаикос ја продолжија борбата за што подобар пласман пред плеј-офот во Евролигата по вечерашната победа над Црвена Звезда со 89-76 и тоа во Белград. А Звезда го претрпе шестиот едноподруго пораз, односно осми на последните девет натпревари.
Гостите ја завршија првата четвртина со водство од 29-20, а понатаму постојано имаше предност и на крајот победи. Најдобар кај грчкиот тим беше Лесор со 19 поени и шест скокови и четири асистенции.
Кај Звезда двајца постигнаа по 19 поени, а тоа се Давидовац и Недовиќ.
Панатинаикос е трет на табелата со скор 19-11, а Звезда е на 16. место со скор 10-20.

Екипата на Барселона претрпе пораз во дербито против Фенербахче . Фенер славеше со 88-74. Истанбулскиот тим беше далеку подобар од каталонците кои најдобрите моменти ги имаа во третата четвртина, меѓутоа, тоа не беше доволно да се вратат во игра.
Фенер има 19 победи и 11 порази, а Барселона е втора со 20 победи и 10 порази.

Олмпија Милано го совлада Монако во гости со 98-80.

Standings provided by Sofascore
ПретходноЗа првпат во историјата миланското дерби ќе се игра во понеделник
СледноПроблеми во АБА 2: Еден мeч неодигран, кошаркари затруени со храна на турнирот на кој учествуваат македонски тимови