За првпат во историјата миланското дерби ќе се игра во понеделник

609

Серија А официјално го одобри датумот за претстојното миланско дерби кое е дел од 33 коло на најдобрата италијанска лига. Првичниот датум беше 21 Април (недела), но на крајот одлучено е мечот да се помести на 22 Април (понеделник).
Ова е направено затоа што на 18 Април, Милан ќе игра против Рома во четвртфиналето на Лига Европа, па „росонерите“ добија повеќе време за одмор.
Па така миланското дерби за првпат во историјата на Калчото ќе се игра во понеделник.
На табелата Интер е лидер со 14 поени предност во однос на Милан.

ПретходноХорор сезона за стоперот на Њукасл: Ќе паузира од шест до девет месеци
СледноЕВРОЛИГА: Звезда со шести пораз по ред, Барселона падна во Истанбул