ИОК: Русите и Белорусите не смеат да се појават на Отворањето на ЛОИ во Париз

138

Руските и белоруските спортисти нема да можат да учествуваат на свеченото отворање на Олимписките игри во 2024 година во Париз, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Спортистите од двете земји добија забрана да се појават на дефилето поради руската инвазија на Украина. Сепак, спортистите од Русија и Белорусија кои ќе се квалификуваат за Олимпијадата ова лето можат да се натпреваруваат како неутрални.

Одлуката дали ќе учествуваат на затворањето на Игрите ќе биде донесена подоцна.

ИОК соопшти дека руските и белоруските спортисти нема да бидат дел од свеченото отворање бидејќи настапуваат поединечно, но „ќе им се даде можност да го почувствуваат настанот“. Досега на Олимписките игри во Париз се пласираа 12 руски и седум белоруски спортисти. Тие на Игрите во Париз летово ќе можат да учествуваат, но без знамиња, амблеми или пеење на химните на Русија и Белорусија во случај да освојат златен медал во некој спорт.

ПретходноИзраел во Струмица ќе биде домаќин на еден од турнирите во Сребрената лига
СледноНов малер: Куртоа повторно опериран, го чека нова пауза од 2 месеци