Нов малер: Куртоа повторно опериран, го чека нова пауза од 2 месеци

108

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа повторно беше опериран, откако заработи нова повреда додека почна со први тренинзи по рехабилитацискиот период кој го мина по една друга повреда. Куртоа вчера на тренинг на клубот го скина менискусот.

Реал Мадрид денеска објави дека Тибо бил опериран успешно. Голманот ќе започне со закрепнување во наредните денови.

Некои информации кои се појавија во јавноста велат дека Куртоа ќе мора да направи нова пауза од околу два месеци.

Последниот официјален натпревар Куртоа го одигра на 17 јуни минатата година.

ПретходноИОК: Русите и Белорусите не смеат да се појават на Отворањето на ЛОИ во Париз
СледноВо Ковентри оптимисти: Јунајтед е по мерка, ако ни паднеше Сити ќе немавме шанси!