Кошаркарот на Пелистер, Јуре Планиниќ завчера во меч од 11.коло во рамките на АБА 2 одигра одличен меч. Тој беше еден од најзаслужните, ако не и најзаслужен за победата над Борац Бања Лука.
Токму затоа и официјално тој е прогласен за МВП на 11.коло во АБА 2.
Планиниќ забележа 36 индексни поени, имаше 21 поени, потоа 15 скокови и пет асистенции.
Нема што одличен настап на кошаркарот на Пелистер, партија која му донесе заслужено да биде МВП на колото.