Проблеми во АБА 2: Еден мeч неодигран, кошаркари затруени со храна на турнирот на кој учествуваат македонски тимови

626

Неочекувани проблеми на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата кој се одржува во Широки Бријег, БиХ. Поради труење со храна составот на Борац Бања Лука не го одигра мечот со Хелиос, поради што го загуби дуелот службено со 0-20. Речиси целиот тим се затрул, па екипата немало доволно резервни играчи за да го одигра мечот. Освен службен пораз одземен му е и еден бод. А проблем за Борац претставува и фактот што ако што ако играчите не излезат на терен за два дена против Сутјеска тогаш клубот ќе добие повисока казна.
Речиси во идентична ситуација се наоѓа и Војводина која утре ќе треба да игра со ТФТ.  На турнирот учествуваат уште Пелистер и МЗТ Скопје, а ниту една наша екипа засега не пријави проблеми.

Во петок МЗТ Скопје игра со Златибор, а утре Пелистер против Подгорица.

ПретходноЕВРОЛИГА: Звезда со шести пораз по ред, Барселона падна во Истанбул
СледноНагелсман: Мбапе е за 2 км на час побрз од другите, но знам како може да се запре