РБ Лајпциг ќе го купи Довбик како замена за Опенда и Шешко

262

Украинскиот репрезентативен напаѓач Артем Довбик на лето може да се пресели во германската Бундеслига, пишуваат украинските медиуми.

Според информациите, тимот на нашиот Елиф Елмас, РБ Лајпциг ја разгледува опцијата да потпише со 26-годишниот украински напаѓач кој моментно игра во извонредна форма во екипата на Џирона.

Причина плус за интересот на „биковите“ за Довбик е потрагата по нови опции за позицијата центарфор бидејќи клубот најверојатно летово ќе продаде еден од двајцата први напаѓачи, Опенда и Шешко. И за двајцата веќе има стигнато примамливи понуди од Шпанија и Англија.

Во тековната сезона во шпанската Ла Лига, Артем Довбик за Џирона одигра 27 натпревари на кои постигна 14 гола и забележа 5 асистенции.

ПретходноСкандал: Полицијата влезе во просториите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, има и уапсени!
СледноСопругата на Теодосиќ си купила часовник од 70.000 евра, а тој и побарал развод?! (ФОТО)