Секоја чест за КК Феникс 2010. Како што објавија на своите социјални мрежи, мечот со Работнички ќе биде од хуманитарен карактер.
Ова е соопштението на КК Феникс 2010:
Во 21. коло од Првата кошаркарска лига не очекува нов домашен натпревар, овој пат против градскиот ривал Работнички. Истиот ќе биде одигран во сабота со почеток до 20 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ и ќе биде од хуманитарен карактер за помош на девет годишниот Марио.
Марио е момче од Скопје на кој за жал му е дијагностициран анапластичен медулобластон, вид на рак на мозокот. За среќа ракот е откриен во рана фаза и Марио веднаш е успешно опериран, но неговата борба не заврши. На Марио му е потребна протонска терапија која е достапна само во Прага.
Исто како и на натпреварот против МЗТ Скопје на влезот на салата ќе биде поставена кутија за донации во која наместо билет ќе треба да издвоите најмалку 100 денари за влез.
Искористете ја саботната вечер за спорт, но во исто време и бидете хумани бидејќи заедно можеме повеќе!
Се гледаме во сала!