Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед (82) беше посетен од делегација од Бундеслигата, откако тие отпатуваа во Абердин за натпреварот со шкотскиот тим во Конференциската лига на Европа.
Нему му беше врачен и дрес од Франкфурт со неговото име и број 10 на грбот.
Причината за ваквата одлука на германскиот клуб лежи во тоа што првиот натпревар на Фергусон како играч на Ренџерс, на кој му се приклучи од Данфермлајн, бил против германскиот тим во претсезонски пријателски натпревар во 1967 година, кој го добија со 5-3 и на кој тој постигнал хет-трик.
Фергусон како фан на Ренџерс, присуствувал на натпреварот помеѓу Ренџерс и Франкфурт во Европскиот куп седум години порано во 1960 година.
Тој подоцна се соочил со Ајнтрахт Франкфурт како менаџер со Абердин во Купот на УЕФА во 1979 година, при што шкотскиот тим загуби со вкупни 2-1 по поразот од 1-0 во реваншот во Германија – а Фергусон откри дека научил вредна лекција од таа средба во смисол однос кон фудбалерите и начинот на работа.
Фергусон се повлече од фудбалот во 2013 година, откако имаше невиден период на успех во Јунајтед, освојувајќи 38 големи трофеи. Тој сè уште е редовен гледач на натпреварите на Јунајтед.
💬🥰We said to ourselves: “Wow! A great German team!”
Sir Alex Ferguson on seeing Eintracht play for the first time in 1960 as a Rangers fan, his hat-trick against SGE seven years later and the “unbelievable” Jürgen Grabowski ⤵️#SGE pic.twitter.com/6lrqNiZEul
— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) March 19, 2024