Тихо Костадинов: Молдавија не е селекција за потценување, треба да се даде максимум! (ВИДЕО)

186

Нашите најдобри фудбалери во Анталија продолжуваат со подготовките за двете пријателски средби со Молдавија (22 март) и Црна Гора (25 март).

Атмосферата е работна, насмевките се тука. За тоа како се одвиваат подготовките и што очекува од претстојните две средби свој коментар има Тихо Костадинов, кој поради повреда долго беше надвор од селекција, но еве полека но сигурно се враќа:

Па, супер е повторно да се видат сите момци тука и штабот, да сме пак заедно да се подготвуваме за тоа што следува. До септември имаме четири пријателски средби со цел добро да се подготвиме за тоа што е пред нас. Што се однесува до мене јас на последните мечеви добив најголема минутажа во мојот клуб. Од тоа што го прикажав сум задоволен“ вели Костадинов.

Репрезентативниот играч вели дека е најважно е да се покаже на теренво репрезентативниот дрес, без разлика кој колкава минутажа има во својот клуб:

Тоа е најважно, без разлика кој колкава минутажа има во својот клуб. Најважно е против Молдавија и Црна Гора да се даде максимумот. Затоа е и овој собир, добро да се подготвиме за тоа што следува од септември, најмногу на тактички план. Не мислам дека Молдавија треба да се потцени. Не знам дали сме во улога на фаворит. Молдавија е добар, квалитетен состав, за Црна Гора да не зборувам. Треба да влеземе максимално на двата меча. Сепак најважно е ние како ќе одиграме“ рече покрај другото Костадинов.

ПретходноСекоја чест: Мечот меѓу Феникс 2010 и Работнички ќе биде од хуманитарен карактер!
СледноСкандал: Полицијата влезе во просториите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, има и уапсени!