У-19 елитни квалификации: Македонија поразена од силната Украина! (ФОТО)

384

У-19 селекцијата на Македонија денеска на теренот на ФФМ во Скопје, со пораз ги стартуваше елитните квалификации во групата-7 за пласман на ЕП во С. Ирска. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени од силната селекција на Украина со 0:2. Ако се знае дека на ЕП ќе се пласира самио првопласираната селекција во групата тогаш е јасно дека сега шансите за наш пласман се осетно намалени.

Реално Украина за класа беше подобра од Македонија и тоа во текот на целиот меч. Уште во првиот дел имаше неколку закани, а гостите во водство дојдоа во 45.минута и тоа преку Кревсун.

Само што започна второто полувреме, се играше 48.минута кога гостите со голот на Пономаренко дојдоа до 0:2.

Нашите надежи се обидоа во продолжение од средбата да сторат нешто повеќе, ама откако останавме со играч помалку по исклучувањето на Меличи во 75.минута јасно беше дека овој меч ќе го загубиме. Единствен што донесе свежина во нашата репрезентација во второто полувреме беше Данев

Во следните два меча се среќаваме со Швајцарија и Летонија.

Селекторот Тони Јакимовски им даде шанса на следните репрезентативци да го започнат мечот:

Јакимов, Аризанковски, Меличи, Стојлевски, Џеков, Алии, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Каба, Цаноски и Назифи.

Играа уште: Николовски, Данев, Серафимов, Нухија.

На вториот меч од оваа група, кој се играше во Ѓорче, Швајцарија со 1:0 ја победи Летонија.

РЕЗУЛТАТИ ПО 1.КОЛО – ГРУПА 7

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0:2

ШВАЈЦАРИЈА – ЛЕТОНИЈА 1:0

ТАЕЛА

1.УКРАИНА 3

2.ШВАЈЦАРИЈА 3

3.ЛЕТОНИЈА 0

4.МАКЕДОНИЈА 0

2.КОЛО (23.03.2024 – 14 Ч)

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

УКРАИНА – ЛЕТОНИЈА

3.КОЛО (26.03.2024)

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА

УКРАИНА – ШВАЈЦАРИЈА

 

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноСопругата на Теодосиќ си купила часовник од 70.000 евра, а тој и побарал развод?! (ФОТО)
СледноФото на денот: Шевченко во друштво на Сејдини го следеше мечот на ФФМ!