Од денеска па во наредните шест дена во Скопје, на терените на ФФМ и во Ѓорче, ќе се играат натпреварите од групата – 7 од елитните квалификиции за пласман на ЕП кое ќе се одржи ова лето во С. Ирска.
Селекцијата на Македонија до 19 години под водство на селекторот Тони Јакимовски има шанси и тоа какви, со освојување на првото место во групата да се најде на ЕП. За ривали нашите момци ќе ги имаат Украина, Швајцарија и Летонија.
Почнуваме денеска од 14 часот против Украина на теренот на ФФМ.
Адријан Зенделовски посочи:
“Имаме навистина силен тим, веруваме многу во нас и тоа ќе го покажеме на претстојните натпревари. Ја остваривме целта на квалификацискиот турнир во Полска за пласман во Елитната фаза, сега ни преостанува да се обидеме да одиграме уште еден добар меч и да се избориме за пласман на Европско првенство.
Мартин Ѓорѓиевски, капитенот на нашата селекција истакна:
“Свесни сме за приликата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Се подготвуваме, денеска го имаме последниот тренинг пред утрешниот меч. Знаеме дека не очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени, со нетрпение го очекуваме утрешниот меч и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат“.
ГРУПА – 7, СКОПЈЕ
20.03.2024 (14 Ч) ДЕНЕСКА
Македонија – Украина
Швајрација – Летонија
23.03.2024 (14 Ч)
Македонија – Швајцарија
Украина – Летонија
26.03.2024 (14 Ч)
Македонија – Летонија
Украина – Швајцарија