Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска во 14. часот на националната арена „Тодор Проески” го имаше официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со Гибралтар во квалификациите за пласман на Европско првенство.
Дуелот од 5. коло во групата 7 од квалификациите против Гибралтар ќе започне во 14. часот. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се обидат да стигнат до втората победа во овие квалификации.
На 26. март, Македонија на домашен терен ќе ја пречека незгодната селекција на Шведска.