Копенхаген е во центарот на европскиот ракометен крем. Во овој град не само што утре ќе се одржи ждрепката за квалификациските групи за пласман на ЕП 2026 година (домаќини се Данска, Шведска и Норвешка), се одржува и конференција на која се присутни генералните секретари на федерациите. Истата стртуваше денеска и ќе трае до петок. Секако, на конференцијата присуствува генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.
Во следните три дена ќе се разговара за многу теми, меѓу кои за медиа делот, натпреварувањата во младите категории, индни рејтинзи, антидопинг…
Исто така беа откриени имињата на земјите кои се заинтересирани за организација на ЕП 2030 и ЕП 2032 во машка и женска конкуренција.
За потсетување ждрепката за ЕП 2026 година ќе стартува во 16:30 часот, Македонија се наоѓа во вториот шешир.
Шешир 2: Австрја, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Фарски Острови, Грција