И официјално Шкупи од денеска има нов директор, а тоа е Флорим Муча. По извесна пауза по заминувањето на Босанецот Дамир Ибриќ пред неколку месеци, Муча ја пополнува таа празнина во клупското раководство на клубот од Чаир.
Од таборот на Шкупи се надеваат дека новиот директор ќе помогне, заедно се разбира со тренерот Младен Жижовиќ и играчите, во освојување на нова титула. Да посетиме дека по 24.коло тимот од Чаир е втор на табелата веднаш зад шампионот Струга ТЛ со минус 3 бода.
Последен пат Шкупи беше шампион на Македонија во сезоната 2021/2022 кога стратег беше Гоце Седлоски.