Холандскиот фудбалер на Њукасл, Свен Ботман само што се врати на терените откако беше отсутен три месеци поради повреда, а сега го чека меѓу шест и девет месеци поради проблеми со предните вкрстени лигаменти на коленото.
Тежината на повредата ја потврди Њукасл на клупскиот сајт, соопштувајќи дека Холанѓанецот ќе биде опериран и го чека долга пауза. Тоа значи дека ќе го пропушти финишот на оваа сезона, а изгледа и половина од наредната.
Тој се повредил на мечот против Манчестер Сити во ФА купот.
Претходно отсуствуваше три месеци поради оштетување на лигаментите на коленото.
BREAKING: Newcastle defender Sven Botman has been ruled out for six to nine months after sustaining an injury to his ACL 👇 pic.twitter.com/6WD24ST8rF
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 20, 2024