Јокиќ ја „урна“ Минесота, Далас чекор поблизу до плеј-офот

212

Кошаркарите на Денвер ја победија Минесота со 115:112 во дербито на Западот синоќа, со што останаа во трката за првото место во Западната конференција пред стартот на НБА плејофот. Актуелните шампиони ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 35 поени, 16 скока и две асистенции. Мајкл Портер постигна 26 поени, од кои 13 во четвртата четвртина, а Џамал ​​Мареј постигна 18 поени и 11 асистенции.

Во тимот на Минесота најефикасен беше Џонатан Едвардс со 30 поени со осум скока и осум асистенции. Гостите останаа без тројца важни играчи Карл-Ентони Таунс поради повреда на коленото, Руди Гобер поради повреда на реброто и Наз Рид поради повреда на главата.

Кошаркарите на Орландо го победија Шарлот со 112:92 и обезбедија најмалку место во плеј-ин на Истокот. Во победничкиот тим најефикасен беше Кол Ентони со 21 поен, од кои 17 постигна во втората четвртина.

Кошаркарите на Далас го победија Сан Антонио со 113:107 и ги задржаа шансите за пласман во плеј-офот. Кајри Ирвинг беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени со седум асистенции, а Лука Дончиќ имаше 18 поени, 16 асистенции и 10 скока, што беше негов осми трипл-дабл на последните 10 натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Шарлот 112:92
Вашингтон – Хјустон 114:137
Бруклин – Њу Орлеанс 91:104
Сан Антонио – Далас 107:113
Минесота – Денвер 112:115

ПретходноСер Алекс Фергусон доби доживотно членство од Ајнтрахт Франкфурт
СледноУ-19 елитни квалификации: Македонија сака, Македонија може…напред момци кон пласман на ЕП!