12.000 евра ќе добијат германските судии кои ќе го судат дербито Хајдук – Динамо!

412

Како што и беше најавено, во ХНЛ до крајот на сезоната ќе судат елитни судии од ЛШ на дерби средбите во кои ќе играат Динамо, Хајдук и Риека, клубови кои се претенденти за титулата.

За претстојното дерби меѓу Хајдук и Динамо, ќе судат судии од Германија и тоа на чело со познатиот Даниел Зиберт, еден од најдобрите судии во Европа. Тој за овој меч ќе заработи 6.000 евра а неговите двајца помошници ќе добијат по 3.000 евра.

Значи сите тројва вкупно ќе чинат 12.000 евра за еден натпревар, оној меѓу Хајдук и Динамо.

ПретходноФлорим Муча е новиот директор на Шкупи!
СледноШокантно: Дани Алвес пуштен од затвор, платена е кауција од 1 милион евра!