Кошаркарите на МЗТ Скопје А. синоќа ја остварија првата победа на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Треерот на шампионот, Васко Атанасов, изрази задоволство од играта и триумфот над ТФТ, но потенцира дека тој треба веднаш да биде заборавен, а во мислите да бидат само следните два противника на турнирот во Широки Брег.
„За нас тоа беше одличен меч, кој го контролиравме од почетокот до крајот и во кој повеќе од 38 минути бевме во водство, што доволно говори за односот на силите на теренот. Добра претстава на моите кошаркари, но за нас работата со ова не е завршена. Нѐ очекуваат уште два натпревари, во кои мора да бараме победи, затоа треба да останеме приземни и фокусот веднаш да го насочиме кон овие дуели“, изјави Атанасов по средбата.
Следен противник на МЗТ Скопје А. е екипата на Златибор во петок од 15 часот.