Скандал: Полицијата влезе во просториите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, има и уапсени!

131

Припадници на полициските сили на Шпанија денеска влегоа во просториите на Фудбалскиот сојуз на таа земја со цел да извршат претрес на договорите околу префрлањето на завршницата на Супер Купот во С. Арабија.

Како што велат последните информации има и уапсени и тоа најмалку едно лице.

Ова е поради сомнеж за корупција, а полицијата влегла и во домот на поранешниот претседател на Сојузот, Луис Рубиаелес кој неодамна си даде оставка поради скандалот со шпанската репрезентативка Хермосо.

Ова влегување во Сојузот е топ – тема денеска во Шпанија.

ПретходноТихо Костадинов: Молдавија не е селекција за потценување, треба да се даде максимум! (ВИДЕО)
СледноРБ Лајпциг ќе го купи Довбик како замена за Опенда и Шешко