Томијасу потпиша нов договор со Арсенал

86

Англиски Арсенал објави продолжување на договорот со јапонскиот фудбалер Такехиро Томијасу. Дефанзивецот потпишал нов долгорочен договор.

Претходно се појави информација дека Такехиро ќе се обврззе на соработка до крајот на јуни 2028 година.

Јапонецот му се приклучи на Арсенал од Болоња во 2021 година. Дефанзивецот оваа сезона одигра 20 натпревари за „топчиите“ во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и три асистенции.

ПретходноШокантно: Дани Алвес пуштен од затвор, платена е кауција од 1 милион евра!
СледноУ-17: Женската репрезентација на Македонија со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Полска!