У-17: Женската репрезентација на Македонија со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Полска!

71

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир за жени, кој се одржи во Полска во периодот од 13 до 19 март.

Нашите млади фудбалерки беа во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите и за противници ги добија силните репрезентации на Полска (домаќин), Данска и Шкотска.

Во првото коло од турнирот забележавме убедлив пораз од домаќинот, селекцијата на Полска со 9:0. 

Во второто коло се соочивме со Данска. Во овој натпревар, противникот славеше победа со 3:0.

Во последното коло загубивме од Шкотска со 7:0.

По одигрување на сите натпревари во групата 7 од А лигата (втора рунда), репрезентацијата на Македонија предовдена од Катерина Милеска заврши на последното место. Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата Полска со три победи и девет освоени поени. На второто место се најде селекцијата на Шкотска со две победи, пораз и шест освоени бодови. Трета заврши Данска до учино од една победа и два порази, вкупно три освоени бодови.

Во следниот квалификациски циклус, женската млада репрезентација на Македонија до 17 години ќе игра во Лига Б.

ПретходноТомијасу потпиша нов договор со Арсенал
СледноСекоја чест: Мечот меѓу Феникс 2010 и Работнички ќе биде од хуманитарен карактер!