Вориорс му ја скроија судбината на Мемфис, Дурент го прескокна Шекил, дербито за Бостон (ВИДЕО)

74

Екипата на Голден Стјет дојде до 36 победа оваа сезона, откако го совлада Мемфис со убедливи 137-116. За гостинскиот состав 47 пораз оваа сезона значеше и елиминација од сите шанси за пласман во НБА плеј-офот. Гризлис се 13-ти на Западот.

Куминга со 26 поени беше прв стрелец кај Голден Стејт, кој се наоѓа на десетата позиција во Западната конференција, зад него беше Томпсон со 22 поени и 10 скока. На другата страна 35-те поени на Џексон беа премалку за било што.

Феникс ја совлада Филаделфија со 115-102, а Кевин Дурент направи чекор напред на вечната листа на стрелци во НБА-лигата. Тој го прексокна Шекил О’Нил. Мечот го заврши со 22 поени и 8 скока, па сега има вкупно 28,610 поени.

Дурент се наоѓа зад легендите, Леброн Џејмс, Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.

Дербито во Источната конференција меѓу Бостон и Милвоки им припадна на Сетикси кои славеа со 122-119. Бакси на оваа средба не сметаа на својот најдобар кошаркар, Јанис Адетокумбо.

Резултати: Кливленд – Мајами 104-107, Детроит – Индијана 103-122, Бостон – Милвоки 122-119, Торонто – Сакременто 89-123, Оклахома – Јута 119-107, Голден Стејт – Мемфис 137-116, Феникс – Филаделфија 115-102, Портланд – ЛА Клиперс 103-116

ПретходноСабаленка се огласи: Срцето ми е скршено!
СледноРомано открива: Мбапе само од потписот ќе добие над 100 милиони евра