Милевски: Против Молдавија и Ц. Гора ќе пробуваме разни тактички варијанти!

110

Утре во Анталија со почеток од 15.30 часот, нашата најдобра репрезентација ќе го одигра својот прв меч во ова 2024 година и тоа ќе биде пријателска против Молдавија.

Во пресрет на овој натпревар, денеска на прес во Анталија, свое видување имаше селекторот Благоја Милевски:

Работната атмосфера е на највисоко ниво. Задоволен сум од тоа што го видов овде во Анталија во овие три дена. Се навикнавме на тоа дека имае играчи кои немаат минутажа во своите клубови. Сепак за мене најважно е тие да се здрави. Се друго е јасно, тие даваат максимум кога станува збор за репрезентацијата на Македонија. Сите се подготвени за следните предизвици. Мечевите со Молдавија и Црна Гора ќе ги искористите да пробаме нови тактички варијанти, но ќе пробаме и нови позиции за одредени играчи“ посочи селекторот.

Тој напомена дека за овие два меча поради повреда нема да смета на Даци, Алими и Ашковски.

ПретходноВечерва почнува битката за последните три билети за ЕУРО 2024!
СледноЕнис Барди: Молдавија е сериозен противник, тоа ќе биде одличен тест за нас да видеме до каде сме!