По примерот на најголемите европски и балкански клубови, од раководството на клубот од Градски парк информираат дека ФК Работнички и официјално е дел од Еспорт.
Од 25.март, Работнички Еспорт ќе учествува во најсилната балканска лига во режимот Е-фудбал 3 vs 3, во која ќе се натпреварува против најсилните еспорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена Звезда Будуќност, Марибор, Истра…
Натпреварите ќе се пренесуваат на ТВ Арена Еспорт секој понеделник со почеток во 20:00 часот. Тимот ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани.