Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
„Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 1, заедно со Словенија,Литванија и Естонија. Ова друштво ветува нов пласман на големата европска сцена.
Според системот за натпреварување на континенталното натпреварување место ќе обезбедат првите две најдобро пласирани репрезентации од осумте групи и четирите трета најдобропласирани селекции.
Македонската ракометна репрезентација има осум учества на Европските првенства, преку овие квалификации ќе го бара деветото.