Денеска од 14 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, нашата У-21 репрезентација го дочекува составот на Гибралтар. Ова е меч од групата – Ц во квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка. Селекторот Драган Канатларовски и неговите избраници одамна ги загубија сите шанса за пласман. Почнаа блескаво и тоа со победа на гости кај Шведска во првото коло, но потоа се само порази и порази. Па така сега со само три освоени бода го делиме “фенерот“ на табелата во нашата група токму со Гибралтар.
Нашите надежи се доволно свесни за тоа што треба да сторат, што се очекува од нив. Јасно е дека Гибралтар е идеален противник да се прекине црната серија, едноставно Гибралтар денеска на арената во Скопје мора да се победи, тука нема дилеми. Се освен наша победа ќе биде рамно на катастрофа и дефинитива потврда за ужасниот настап на овие квалификации. Со победа денеска и добар реузлтат со Шведска за пет дена, исто се игра на арената, колку толку ќе се залечат раните.
Според реномето, рејтингот, па на крајот и според квалитетите секако дека Македонија е фаворит. И таа улога треба да се оправда, да се покажа дека оваа генерација си има свои квалитети, дека може да се очекува нешто од неа.
На оваа средба во составот ќе ги нема давјцата капитени. Марио Илиевски поради жолти картони не може да им помогне на своите соиграчи, додека пак Иван Николов, се жали на ситна повреда и ќе биде поштеден, тој ќе се чува за мечот со Шведска.
Гибралтар е селекција, како и секоја во модерниот фудбал, која не треба да се потценува, но сепак денеска У-21 селекцијата на Македонија мора, ама баш мора да победи и да освои три бoда.
ГРУПА – Ц
ТАБЕЛА
1.Холандија 18
2.Грузија 10
3.Шведска 7
4.Молдавија 6
5.Македонија 3
6.Гибралтар 3