Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Ларнака, кој се играше на земјена подлога. Таа, осминафиналната пресметка против Италијанката Дебора Киеза ја предаде.
Ѓорческа одлучу да се предаде после 3-0 за противничката во вториот сет. Претходно првиот заврши со 6-0 во корист на Италијанката.
За најдобрата македонска тенисерка ова беше втор настап во Кипар, на првиот турнир стигна до финалето каде што беше поразена.