Вечерва ги добивме патниците во финалните бараж-натпревари од кои ќе ги оекуваме последните три патници на Европското првенство во Германија ова лето.
Селекцијата на Полска со убедливи 5:1 ја порази Естонија и доминантно го потврди местото во финалниот меч, каде за противник ќе ја има селекцијата на Велс, која вечерва со 4:1 на домашен терен беше подобра од селекцијата на Финска.
Франковски погоди за 1:0 за Полска во првото полувреме, па откако Естонија остана со играч помалку, следуваше канонада кон гостинскиот гол по што Жиелински, ПјотровскиШимански и Метс (аг) донесоа убедлива предност и победа за Полјаците.
Велс, пак, доминираше во Кардиф каде со головите на Брукс, Вилијамс, Џонсон и Џејмс ја растури Финска.
Исланд, пак, како гостин во Унгарија против Израел славеше со убедливи 4:1 за место во второто бараж-финале. Иако Израелците поведоа со голот од пенал на Захави, Исланд се врати со цела сила и до крајот Гудмонсон постигна хет-трик, а еден гол додаде и Траустатсон. Израелците имаа и втор пенал, но Захави овојпат промаши.
Противник на Исланд во финалето ќе биде Украина, која со неверојатен пресврт за три минути славеше во Зеница против Босна и Херцеговина. Босанците со голот на Дедиќ поведоа со 1:0 во 56. минута и иако се чинеше дека се близу до финалето, Украина преку Јаремчук (85′) и Довбик (88′) успеа да направи целосен пресврт и да победи за финале.
Грција закажа финале со Грузија, откако со 5:0 ја „растури“ селекцијата на Казахстан. За Грција денеска погодија Баскетас (п), Јоанидис, Пелкас, Курбелис и Марочкин (аг).