Фудбалската репрезентација на Грузија е прв финалист во бараж дуелите за пласман на едно од последните три слободни места за Европското првенство ова лето во Германија. Попладнево во Тбилиси, Грузија славеше со 2:0 над селекцијата на Луксембург и се пласираше во финалето на сегментот Ц од Лигата на нации, каде за противник ќе го чека победникот од дуелот во Атина која се игра вечерва, меѓу селекциите на Грција и Казахстан.
Двата гола за победа на Грузија беа дело на Буду Зивзивадѕе, 30-годишниот напаѓач на германскиот второлигаш Карлсруе.