Евролига: Реал со победа во Белград го потврди првото место

160

На три натпревари до крајот на регуларниот дел од Евролигата, Реал Мадрид го обезбеди првото место откако по доминантниот старт на сезоната вечерва го „преслуша“ и Партизан во Белград. Реал до победата и првото место дојде во голем стил, соборувајќи го Партизан во преполната белградска „Штарк Арена“ со убедливи 76-88 со што дојдоа до својата 25 победа. Сега Партизан има скор 14-17 и останува да трепери за место во плеј-ин делот.

Марио Хезоња со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции беше убедливо најдобриот играч на Реал на овој меч, a Козер постигна 10. Kaj Партизан најефикасен беше Камински со 19 поени, Аврамовиќ и Нанели постигнаа по 10.

Кошаркарите на Олимпијакос го направија тоа што требаше вечерва. Во дуел со слабиот Асвел во Пиреја победија со 80:64 и на тој начин со скор 19-12 останаа во борба за предност на домашен терен во плеј-офот.

Кошаркарите на Жалгирис ја победија Басконија во Каунас со 94:76 и со тоа избраниците на Андреа Тринкиери го остварија вториот триумф во двојната рунда, додека Басконија го забележа вториот пораз. Литванскиот гигант сега има скор од 13-18 и се уште сонува за место во плеј-ин делот.

Вечерашната програма во рамките на 31. коло започна со натпреварот во Истанбул, каде домашниот Анадолу Ефес по голема борба ја совлада последно пласирана Алба со 85:84. Ефес ја искористи предноста на домашниот терен, па по Олимпијакос пред два дена, сега пред своите гледачи ја совлада и Алба и воедно, ги задржа шансите за пласман во плеј-ин откако сега дојде до 14-тата победа.

ПретходноПросинечки дебитираше со победа на клупата на Црна Гора, в понеделник ја чека Македонија
СледноБаражи за Евро 2024: Босанците загубија за три минути, Полска, Грција, Исланд и Велс покажаа моќ за финале