Енис Барди: Молдавија е сериозен противник, тоа ќе биде одличен тест за нас да видеме до каде сме!

213

Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Енис Барди, во пресрет на утрешниот меч со Молдавија, истакна дека нема веќе пријателски кога станува збор за репрезентацијата.

Важно е да бидеме сконцентрирани и да ги искористиме овие пријателски за тоа што следува во Лигата на Нации. Овие два меча ќе послужат да видиме до каде сме и да ги исправиме грешките. Околу тактиката не сакам да говорам, тоа е работа на селекторот. Ние сме подготвени за секоја улога која тој ќе ни ја даде. Среќни сме што повторно сме заедно. Молдавија е сериозен противник, тоа ќе биде одличен тест за нас да видиме до каде сме“ рече покрај другото капитенот.

ПретходноМилевски: Против Молдавија и Ц. Гора ќе пробуваме разни тактички варијанти!
СледноМОК прославува 32 години од своето постоење