Жолтиот картон останува, Винисиус нема да игра против Атлетико (М)

1490

Барањето на Реал Мадрид да се повлече жолтиот картон кој Винисиус го доби на мечот со Осасуна не е прифатено. Ова значи дека Бразилецот ќе ја пропушти претстојната пресметка со Атлетико Мадрид по репрезентативната пауза.

На гостувањето кај Осасуна пред неколку дена, судијата Мартинез Мунуера му покажа жолт картон на Винисиус поради протестирање.

Реал Мадрид тврди дека Бразилецот редовно бил подложен на напади на расистичка основа, омраза и нетрпеливост не само во Осасуна, туку и на сите фудбалски стадиони каде играат „галактикоси“. Од клубот потенцираат и дека постои „апсолутна пасивност на судискиот тим и самата федерација“ по прашањето за нападите кон Бразилецот.

ПретходноПелистер поразен од Подгорица: Се што направија во три четвртини, продадоа во една
СледноЛазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на ЕП 2026