Конте го одбил Баерн, чека повик од Јувентус

343

Антонио Конте ја одби понудата да го преземе Баерн Минхен од лето. Баварскиот гигант го бараше италијанскиот стручњак како замена за Томас Тухел, но добил категорично „не“, тврди „Ла Република“.

54-годишниот стручњак, кој последен пат беше на чело на Тотенхем, но замина со заедничка согласност во 2023 година, одлучи дека сака да ја продолжи кариерата во Италија и да биде поблиску до семејството. Откако Наполи и Рома ги избраа своите нови тренери, Конте останува да се надева на повик од Јувентус или Милан.

Всушност, тој повеќе би сакал да се врати во Јувентус. Клубот се повеќе размислува за преселба на Масимилијано Алегри во текот на летото и новинарот Руди Галети тврди дека торинскиот тим навистина се насочил кон Конте, кој го предводеше тимот до три титули помеѓу 2011 и 2014 година за време на неговиот претходен престој на стадионот Алијанц.

Сепак, Јувентус се уште нема донесено конечна одлука за тренерското место за следната сезона. Покрај Конте, клубот ја разгледува понудата и за тренерот на Болоња, Тиаго Мота. Не е целосно исклучена опцијата Алегри да ја задржи функцијата.

ПретходноНагелсман: Мбапе е за 2 км на час побрз од другите, но знам како може да се запре
СледноСабаленка се огласи: Срцето ми е скршено!