Лазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на ЕП 2026

386

По денешната ждрепка за квалификациските групи за претстојното ЕП 2026, селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со свој коментар за квалитетот на противниците и нашите шанси.

Македонија ќе игра во групата 1 против Словенија, Литванија и Естонија.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија, додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа. Знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, вели Лазаров.

Македонија квалификациите ги почнува во ноември со домашен меч против Естонија.

ПретходноЖолтиот картон останува, Винисиус нема да игра против Атлетико (М)
СледноТопурија во Грузија собира ордени и признанија, како херој дочекан и од Квича и другарите (ФОТО)