Македонските ракометари го дознаваат патот за ЕП 2026 година!

336

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Ждрепката ќе се одржи во Копенхаген, а стартува со почеток во 16:30 часот.

Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Ф.Острови и Грција, селекции кои нема да бидат во иста група со нашите ракометари.

Во квалификациите ќе учествуваат 32 репрезентации, а само 20 од нив ќе обезбедат место на ЕП 2026 година. Земјите ќе бидат поделени во осум групи по четири учесници, првите две селекции ќе обезбедат пласман на континенталното натпреварување, како и четирите најдобро третпласирани екипи.

Репрезентациите се поделени во четири шешири според соодветните машки национални тимови на ЕХФ рангирање:

Шешир 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија, Холандија

Шешир 2: Австрја, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Фарски Острови, Грција

Шешир 3: Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија

Шешир 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Латвија.

Ждрепката можете да ја следите на линкот во продолжение.

ПретходноРобињо сепак ќе мора да одлежи девет години во затвор
СледноМалиот Шева пушти солзи во прегратките на големиот Андриј по дебито во Скопје (ФОТО)