Кристиан Шевченко, синот на големиот Андриј Шевченко, засекогаш ќе го памети Скопје. Тој вчера дебитираше во дресот на Украина на натпреварот против Македонија во рамките на елитните квалификации во групата-7 за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Северна Ирска.
Ова беше и една од главните причини поради која легендарниот фудбалер дојде во нашиот главен град. Тој задоцни, дојде на полувремето, сепак на време кога е во прашање неговиот син и дебито во националниот дрес.
По натпреварот имаше многу емоции на теренот, Шева Јуниор беше во прегратките на својот татко, не успеа да се воздржи, пушти некоја солза. Кристиан има 17 години и тој игра за Ватфорд.
Инаку оваа средба заврши со победа на Украина од 2-0.