На 20 Март 1992 година, на иницијатива на Националните спортски федерации на Македонија и на одреден број на истакнати спортски работници, во хотелот Гранд – Скопје (сегашен Холидеј Ин), формиран е МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ.
MOK ја одвива својата активност преку своите органи и тела меѓу највисоки се Собранието и Управниот одбор. Во ширењето на олимпизмот има востановено повеќе традиционални Олимписки манифестации и приредби од спортски, културен или хуманитарен карактер.
ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА МОК СЕ
• Подготовка и учество на спортистите од Македонија на Летните и Зимските Олимписките игри
• Развој и ширење на олимпиското движење во Македонија
• Почитување на Олимписката повелба
• Ширење на основните принципи на Олимпизмот преку активности и програми кои се реализират во рамките на образовниот и културниот живот
• Развој на врвниот спорт
• Развој на меѓународна соработка во областа на спортот
• Грижa за здравјето на спортистите, посебно почитувајќи го медицинскиот код на Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Првото учество на спортисти од Македонија на летните олимпијади е врзано за австралиското копно, односно во Мелбурн 1956. На ОИ Барселона 1992 година, македонските спортисти настапија со статус – независни учесници бидејќи МОК се уште не беше примен како полноправен член на ИОК, па оттука ЛОИ Атланта 1996 е првата нивна олимпијада под знамето на Република Македонија. Што се однесува до зимските олимписки игри, првото учество на македонскиот олимписки тим е врзано за Нагано 1998 година.