ТФТ го запиша поразот број десет во АБА2-лига, откако го загуби и дуелот со Војводина (72-50) и остана во долниот дел од табелата. Српскиот тим пред овој дуел имаше проблем со кошаркарите, дел беа затруени од храна, но се чини брзо се опоравија и дојдоа до важен триумф.
Македонскиот тим на оваа средба беше рамноправен противник во првата четвртина, по која имаше негатива од 24-19.
Војводина победата ја најави на полувремето, имаше позитива од 42-27, доволно за мирна завршница. ТФТ беше немоќен и во третиот период, постигна само седум поени, додека прими 19.
На последниот меч, ТФТ игра против Шибенка, ова ќе биде пресметка на најслабите екипи во АБА2-лига.