Пелистер поразен од Подгорица: Се што направија во три четвртини, продадоа во една

71

Лошата последна четвртина на мечот со Подгорица им пресуди на кошаркарите на Пелистер во претпоследниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Иако одиграа одлични три четвртини во кои беа подобри од подгоричани, битолчани дозволија во последните 10 минути да го расипат целиот впечаток и на крајот да го загубат исклучително важниот меч во битката за пласман во плеј-офот.

Денеска одличната игра Андреј Маслинко не успеа да ја заокружи и со победа. На 24 поени, репрезентативното крило додаде и 10 скока, а Планиниќ имаше уште 19 поени и 6 скока, додека пак Најт заврши со 13 реализации и 5 асистенции.

Последната шанса за место во првата „осумка“ битолчани ќе ја имаат во сабота на пладне, кога ги чека дуелот со лидерот на табелата – екипата на Спартак од Суботица.

ПретходноГрузија е прв финалист во баражите за Евро 2024 (ВИДЕО)
СледноЖолтиот картон останува, Винисиус нема да игра против Атлетико (М)