Пикси по дебаклот во Москва: Судијата ја уништи средбата!

7239

Во пријателски меч во Москва, фудбалската репрезентација на Србија беше поразена од Русија со 4:0, а селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси на прес-конференцијата по мечот изјави дека за високиот пораз од Русија вина има и кај судијата.

„Рускиот тим е одличен, ја искористија својата предност. Главната причина за ваквиот исход е црвениот картон. 70 минути имаа повеќе играчи и можеа да го искористат тоа. Игравме добро во првите 20 минути. Ова беше одличен тренинг, не за нас, туку за Русите. Бевме казнети двапати – со црвен картон и пенал. Мислам дека жолт картон би бил доволен за пријателски натпревар. Жал ми е што беше донесена оваа одлука, ја уништи играта. Навивачите ја видоа само репрезентацијата на Русија. Продолжуваме да се подготвуваме за ЕП и подобро е ако веќе губиме, тоа да биде на пријателски натпревар. Штета што не постигнавме гол, иако имавме прилики“, вели селекторот на Србија, Пикси.

Следниот натпревар Србија го игра против Кипар во понеделник од 14 часот во Ларнака.

ПретходноРадуловиќ: Нема што да им замерам на играчите, се боревме, имавме желба за победа
СледноПросинечки дебитираше со победа на клупата на Црна Гора, в понеделник ја чека Македонија