Дома Ракомет Познат е возниот ред: Ракометарите стартуваат против Естонија на домашен терен!

Познат е возниот ред: Ракометарите стартуваат против Естонија на домашен терен!

221

Македонската ракометна репрезентација ги доби имињата на противниците за пласман на ЕП 2026 година. Нашата селекција се најде во групата 1 заедно со Словенија, Литванија и Естонија, што значи учество на ново големо натпреварување.

Македонија почнува на домашен терен со екипата на Естонија, потоа игра на гости со Литванија. Во март ќе играме две средби со Словенија, а потоа одново со Естонија на гости и дома со Литванија.
Дополнително ќе бидат познати датумите на овие натпревари. Инаку на ЕП место ќе заверат првите две селекции од секоја група, како и четирите најдобропласирани репрезентации.
ПретходноСе „смешка“ ново ЕП, ракометарите ги добија противниците!
СледноМбапе е свет за себе: Ова се играчите кои земаат најголеми плати во Европа!