По 70 години Германија прекинува една традиција која беше и синоним за нивните најголеми успеси низ фудбалската историја. За првпат по 1954 година, годината во која ја освоија првата светска титула, германските фудбалери наскоро повеќе нема да носат опрема на спортскиот производител „Адидас“.
Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) објави дека потпишал договор за партнерство со американскиот гигант „Најк“ за периодот од 2027 до 2034 година, што значи дека по 70 години репрезентацијата нема да ја носи опремата на германскиот производител.
Најк ќе ги опреми сите репрезентации на ДФБ и ќе го промовира германскиот фудбал во целост.
„Најк ја имаше убедливо најдобрата економска понуда, чија сума нема да ја откриеме“, изјави претседателот на Управниот одбор на ДФБ, Холгер Бласк.