Просинечки дебитираше со победа на клупата на Црна Гора, в понеделник ја чека Македонија

2384

Селекторот на Црна Гора, Роберт Просинечки, со победа дебитираше на кормилото на црногорската репрезентација, откако денеска во Анталија славеше со 2:0 над Белорусија.

Головите за победа на Црна Гора ги постигнаа Адам Марушиќ и Никола Крстовиќ во 27. и 45. минута, а голманот на Црна Гора, Милан Мијатовиќ, одбрани и пенал.

„Треба да им се честита на момците, одиграа феноменално, до максимум. Мислам дека имаше добри акции, одигравме добро, а за победа мора да имаш и малку среќа, бидејќи и тие имаа свои шанси. Се на се морам да бидам презадоволен бидејќи почнавме да доминираме, имавме посед на топка, неколку извонредни акции од кои постигнавме два гола. Ова беше прв натпревар со поинаква визија, поинаков состав, секако дека има простор за напредок, но момците беа извонредни“, вели Просинечки.

Црна Гора ќе биде втор противник на нашата фудбалска репрезентација за време на тест-дуелите во Анталија. Македонија против Црногорците игра во понеделник од 18 часот.

ПретходноПикси по дебаклот во Москва: Судијата ја уништи средбата!
СледноЕвролига: Реал со победа во Белград го потврди првото место