ПСЖ ја одбра замената за Мбапе, но сега се прашува наследникот на Клоп

502

Килијан Мбапе на крајот од сезоната го напушта ПСЖ, а францускиот клуб наголемо ја планира следната сезона без него.

Веќе на големо се пипуваше за интересот на ПСЖ за Луис Дијаз, а во меѓувреме стигнуваат потврди од различни извори.

За ова сега пишуваат медиумите во Колумбија и Франција, кои тврдат дека Луис Енрике со задоволство би го довел Луис Дијаз на местото на Мбапе, но дека спортскиот директор Луис Кампос се двоуми бидејќи повеќе би сакал да „гурне“ помлад играч.

Дијаз нема да биде евтин, но Ливерпул може да се согласи да го продаде во случај на одлична понуда. Новиот спортски директор Ричард Хјуз ќе биде задолжен за спортските прашања, заедно со новиот менаџер на „црвените“, кој ќе одлучува и за статусот на Луис Дијаз.

ПретходноМалиот Шева пушти солзи во прегратките на големиот Андриј по дебито во Скопје (ФОТО)
СледноЃорческа го предаде осминафиналето во Кипар