Радуловиќ: Нема што да им замерам на играчите, се боревме, имавме желба за победа

187

Откако дозволија во последната четвртина да го загубат дуелот со Подгорицва во претпоследниот натпревар од регуларниот дел во АБА2 лигата, тренерот на Пелистер Дарко Радуловиќ изјави дека нема за што да им замери на своите кошаркари.

„Честитки за победата на противникот. Мислам дека немаше да биде незаслужено ако и ние триумфиравме. Имавме водство повеќе од 30 минути, но се чини дека заморот си го направи своето. Тие имаа многу поени од транзиција кои ни направија многу проблеми. Нема што да им се замери на моите играчи, се бореа и имаа желба за победа. Одиме на победа на последниот натпревар“, изјави стратегот на битолчани.

ПретходноПо 70 години: Германија се откажа од Адидас и ќе игра во дресови на Најк
СледноПикси по дебаклот во Москва: Судијата ја уништи средбата!