Робињо сепак ќе мора да одлежи девет години во затвор

156

Робињо ќе мора да ја одлежи казната од девет години затвор поради силување, вака одлучи бразилскиот суд, кој ја потврди пресудата на италијанските судии.

За бразилскиот фудбалер се водеше повеќегодишен процес. Тој силувал 20 годишна девојка во 2013 година додека настапуваше за Милан. Пресудата беше изречена во 2017 година, но поради серија желби на крајот дефинитивната одлука е донесена сега.

Робињо казната ќе одлежи во Бразил, во затвор ќе влезе откако судот во оваа земја ќе решава за неговата нова жалба.

ПретходноУ-21: Македонија мора да ја прекине црната серија, мора да се победи Гибралтар!
СледноМакедонските ракометари го дознаваат патот за ЕП 2026 година!